Арсенал по повеќе од две децении успеа да ја освои титулата во Премиер лигата и како актуелен шампион и екипа која претрпе најмалку промени во играчкиот кадар сосема очекувано влегува како фаворит за пехарот во натпреварувачката 2026/2027.
Јавноста, експертите во кои се доста познати поранешни имиња се убедени дека Арсенал ќе остане на врвот, група во која е и Гери Линекер.
- Иако некои луѓе велат дека е полесно да се освои првата титула отколку да се задржи, јас не се согласувам. Мислам дека ќе го задржат. Не само поради фактот што додадоа на нивото од минатата сезона кога ја освоија лигата и додадоа добро, туку и мислам дека скоро сите големи тимови околу нив се во транзиција.
- Значи, всушност одам со Арсенал со предност од најмалу 10 бодови, -смета Линекер кој ги тргна на страна Манчестер Сити, Ливерпул и Манчестер Јунатед како потенцијални вицешампиони, односно верува дека Челси може да им направи најголеми проблеми на „топџиите“.
- Не сум сигурен дека е добра идема, но мислам дека Челси може да заврши втор. Имам чувство дека Чаби Алонсо има нешто во него. Ако клубот како целина нМислам дека очигледно имаат многу талент таму. Ако ги земете Роџерс, Кол Палмер и Жоао Педро напред, тоа е добра тројка во нападоте се распадне целосно, што е можно, мислам дека ќе се снајде добро со нив. Мислам дека е добар, - заклучи некогашниот напаѓач.








