Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога и славеше над Ипсвич со 5-2 со што дојде до првите бодови во сезоната во Премиер лигата.
Јунајтед прв прими гол на „Олд Трафорд“, но потоа успеа да го сврти резултатот, да постигне пет гола и да поведе со 5-1. На крајот, судиското продолжение гостите дојдоа до уште еден погодок по директна грешка на Лисандро Мартинез и токму затоа е интересен ставот на Рио Фердинанд кој испрати големи комплименти за Аргентинецот.
- Мартинез, примивме два гола, но она за што би сакал да зборувам е неговата способност со топката. Би отишол дотаму што би рекол дека Мартинез е најдобриот стопер со топка во моментов.
- Се обидувам да ми текно некој друг кој е подобар и кој може да ја пробие линијата со додавања, кој може да го победи пресингот кога некој ќе дојде до него и едноставно да ја помести, да ја земе топката во тесни места; Мартинез трпи удари, - вели Фердинанд.








