Погодоците на Батурина и Дувикас постигнати во првиот дел беа доволни за амбициозниот Комо да го однесе целиот плен од ова тешко гостување против поранешниот италијаски шампион.
Тренерот Сеск Фабрегас на овој начин дојде до првата победа во соочувањето со Макс Алегри, стратег кого не успеа да го надмудри во претходната сезона кога тој беше дел од Милан.
-Има голема вредност. Научив толку многу од последниот натпревар против Милан. Денес, успеавме добро да го прочитаме натпреварот. Бевме добри во првото полувреме; во второто полувреме, сфативме дека играме против некои шампиони, но издржавме. Квалитетот на играчите што ги заменија ме натера да мислам дека имаат повеќе замени на располагање. Сега е како да си во сауна, -истакна Фабрегас кој говореше за искусниот Луис Мила, ас кој летово пристигна и веднаш прави разлика на средината на теренот.
-Мила е многу потценет во Шпанија, но тоа е нормално. Има толку многу одлични играчи што понекогаш имаме тенденција да ги заборавиме другите, кои не се Педри или Родри. Го следам долго време. Тој имаше кариера во постојан раст, а сега е негово време да игра во Лигата на шампионите. Знаете дека се обидуваме да донесеме млади играчи тука, но среќен сум за него и за многу други, -порача Шпанецот.





