Лионел Меси повторно покажа зошто е еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Аргентинецот блескаше во дресот на Интер Мајами, постигна дури четири гола и запиша асистенција во спектакуларната победа над Монтреал од 7:1.
Ова беше првиот покер на Меси во неговата кариера во МЛС, а три од четирите гола ги постигна во второто полувреме. Покрај четирите погодоци, Аргентинецот учествуваше и во голот на Луис Суарез, па практично стави свој потпис на пет од седумте погодоци на својот тим.
Интер поведе во 20. минута кога Каземиро погоди со глава, но Монтреал успеа да одговори преку Фабијан Херберс и да израмни.
А потоа следуваше шоуто на Меси.
TWO FREE KICK GOALS IN ONE GAME 🤯
— Major League Soccer (@MLS) August 30, 2026
Messi scores his FOURTH of the night as @InterMiamiCF seal it, 7-1 😤 pic.twitter.com/x2I0Qc4iBK
Аргентинецот во 52. минута погоди за ново водство на Интер, а потоа во 80. минута му асистираше на Луис Суарез за 4:1. Само три минути подоцна Меси повторно се запиша меѓу стрелците, за во шестата минута од судиското продолжение да стави точка на натпреварот со својот четврти гол.
Во меѓувреме, меѓу стрелците се запиша и Александер Шо, па Интер Мајами на крајот славеше со убедливи 7:1.
За Меси ова беше партија која дојде во совршен момент. Интер Мајами ја прекина серијата од пет натпревари без победа, додека 39-годишниот Аргентинец го зголеми својот ефект во МЛС на 18 гола оваа сезона и повторно се издвои на врвот на листата на стрелци.








