Уапсени 16 возачи, девет возеле без возачка

Макфакс

28/08/2026

16:00

123

Големина на фонт

а а а

Во изминатото деноноќие, полицијата уапси 16 возачи низ државата, од кои девет возеле без возачка дозвола. Мерките се преземени заради прекршување на сообраќајните правила, вклучувајќи возење под дејство на алкохол и прекршување на забрани. Од МВР апелираат до граѓаните да возат одговорно за побезбеден сообраќај.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А-1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.