Ждрепка за ЛШ: ПСЖ ќе се судри со Барселона и Сити, Мурињо и Реал на мегдан со Интер и Арсенал

Дерби

27/08/2026

19:21

160

Големина на фонт

а а а

Вечерва во Монако се одржа ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, фаза која ќе започне на почетокот на септември, а ќе заврши во јануари 2027 година.

Пари Сен Жермен и оваа сезона ја има улогата на шампионот, бранител на трофејот, екипа која во првиот дел за ривали ќе ги има Барселона, Сити, Рома, Астон Вила, Галатасарај, Вилјареал, Слован Братислава и Комо.

Вицешампионот Арсенал ги доби Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бетис, Лил, Наполи, Сабах и Славија Прага.

Реал Мадрид предводен од Жозе Мурињо пак ќе има битки со Интер, Арсенал, ПСВ, Рома, Лајпциг, Шахтјор, Ласк, АЕК, додека Барселона освен со Сити и ПСЖ ќе ги одмери силите со Астон Вила, Феенорд, Спортинг, Галатасарај, Комо и Сабах.