Адама Траоре остана без клуб откако му истече договорот со Вест Хем, а како играч кој не се гледаше себеси во Втора лига, реши да направи кам-бек во лигата во која почна да се развива како фудбалер.
Брзоногиот фудбалер повторно ќе го гледаме на терените во Шпанија и тоа во еден од повратниците во Ла Лига, славниот Депортиво кој во својот „мозаик“ придодаде уште една интересна фигура.
Клубот од градот А Коруња ова лето веќе го претстави Пјер Емерик Обамејанг како големо засилување и Габонецот веќе постигна два гола во воведните две рунди, но отсега во нападот ќе го гледаме и Траоре.
Адама потпиша двегодишен договор со Депортиво и во иднина ќе го гледаме на „Риазор“, а тој е третото звучно име кое ова лето пристигна во тимот покрај Обамејанг и Анхелињо од Рома.
Траоре се очекува да донесе голема брзина и варијација во нападот на Депортиво, но секако и моќ со оглед на импресивната конституција и импресивните физички предиспозиции.
Крилниот фудбалер е продукт на проучената Ла Масија, а пред четири години дочека шанса да настапи и за првиот тим на Барса како позајмен фудбалер во една од сезоните кога тренер беше Чави Ернандес.








