Како звучи саундтракот на 30 години Божиновски? Како ако не автентично, чисто и, се разбира, битолски.
Во годината кога Божиновски и Фолтин одбележуваат по три децении создавање, нивната средба дојде природно. Мајсторите за детали во музиката се сретнаа со мајсторите за детали во часовничарството.
Фолтин триесет години гради звук што тешко се сместува во жанрови и уште потешко се заборава. Божиновски триесет години ја гради својата приказна врз прецизноста, занаетот и вниманието кон деталот.

Заедничкиот јубилеен проект FOLTIN LIVE ги спои токму на таа точка.
Двојното винил издание беше претставено со слушачка сесија во новата Божиновски Галерија на Широк Сокак, простор во кој часовниците и накитот се дел од пошироко искуство создадено преку архитектура, материјали, светлина, уметност и звук.
Токму звукот овојпат ја презеде главната улога.

На слушачката промоција во Божиновски Галерија, дел од присутните имаа можност повторно да го доживеат звукот на Фолтин – овојпат од винил, во простор кој и самиот ја спојува историјата, современоста и вниманието кон деталот. Звукот доаѓаше од внимателно интегрираниот систем во галеријата, изработени од инженерскиот тим на Теохаров.
Лимитираната серија рачно нумерирани и потпишани плочи FOLTIN LIVE е наменета за колекционери, аудиофили и долгогодишни почитувачи на бендот и е достапна преку веб-страницата на Фолтин, а плочите може да се подигнат и во продажните салони на Божиновски часовници и накит на Широк Сокак во Битола и на улица Македонија во Скопје. За останатите градови, изданието се испраќа по карго.

Во година во која Фолтин слави 30 години на сцена, а Божиновски 30 години вредност и прецизност, FOLTIN LIVE станува заеднички јубилеен запис – музички документ создаден да остане.
А битолската прошетка, како што ѝ прилега, од Широк Сокак преку шеталиштето секогаш некако завршува кај Хераклеја.
По истиот пат продолжува и оваа приказна.

Во сабота, 29 август, Фолтин се враќа на местото каде што пред три децении го одржа својот прв концерт.
Под битолското небо, на Хераклеја, ќе се одржи јубилејниот концерт „FOLTIN – 30 години концерти“.
Од слушањето на винилот на Широк Сокак, до Фолтин повторно во живо на Хераклеја.
29 август | 20:00 часот | Хераклеја, Битола 29 август | 20:00 часот | Хераклеа, Битола
Влезниците се достапни преку MK Tickets и тобако браотхерс.
























