Во утринските часови услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево: температурата до 22 степени

Макфакс

20/11/2026

06:20

156

Големина на фонт

а а а

Во текстот се опишуваат условите на времето кои ќе владеат во утринските часови со врнежи од дожд, па потоа сончево време. Опфатени се и температурните вредности и прогноза за следните денови со повремени врнежи и пад на температурите.

Во утринските часови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат и ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје, во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понделник до средината на работната седмица под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.