Без струја делови од општините Гази Баба, Петровец и Сопиште

Макфакс

20/11/2026

06:50

128

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД известува дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови на општините Гази Баба, Петровец и Сопиште поради планирани интервенции.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата Франц Лист, општина Гази Баба;

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од Ќојлија индустриска зона-КИППЕР, КОБРА ПАНЕЛ и ПОДРАВКА, општина Петровец;

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од Црвена ПРС и М.В. Осојница, Сопиште, општина Сопиште.