Хипноза меѓу мадридистите: Неверојатниот гол на Мбапе е уште поимпресивен со снимка од трибината

Дерби

27/08/2026

11:53

311

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид одигра страшно добро второ полувреме против Реал Сосиедад и целосно го надигра составот од Сан Себастијан, а трите постигнати гола изгледаа и како премала позитива со оглед на шансите кои ги креираше тимот на Жозе Мурињо во оваа фаза од мечот.

На крајот, „кралевите“ славеа со сигурни 4:1 и ги подзаборавија скромното прво полувреме кое заврши со резултат 1:1, па иако до израз дојде добрата тимска игра, мора да се признае дека ѕвезда на вечерта беше Килијан Мбапе.

Французинот постигна прв хет-трик во ерата на Жозе Мурињо, но убедливо најдобар беше вториот гол кој го постигна по една импресивна комбинација на мал простор.

Феде Валверде, Џуд Белингам и Килијан Мбапе режираа минијатура како на мал фудбал, а тоа предизвика хипноза на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ и огромно воодушевување на трибините.

Мајсторијата на мал простор беше хајлајт од мечот во шпанската престолнина, но мора да се признае дека магијата изгледа уште подобро со видео кое пристигна од трибината.