[ВИДЕО] Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа – Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Макфакс

27/08/2026

11:30

161

Големина на фонт

а а а

Кети Штерјова од СДСМ ја обвинува владата на Мицкоски дека работи на штета на Македонија, со поддршка на кинеска и руска агенда преку Иван Стоилковиќ, додавајќи дека ова ја загрозува европската иднина на земјата и ја зголемува влијанието на туѓи авторитарни фактори.

„Се потврдува она што го говори СДСМ, Иван Стоилковиќ, соработник на Мицкоски и министер во неговата влада, работи за кинеската и руска агенда. По години застапување на српски и руски интереси, по кредитот од една милијарда евра, со кинески пари, што Мицкоски го зеде преку Орбан, сега Стоилковиќ промовира проекти исто така со кинески пари. Најавува стратешки инвестиции со Кина и бизнис интереси на туѓи земји“, вели Кети Штерјова, СДСМ.

„Додека САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот министер на Мицкоски отворено промовира кинеска соработка и патува во Кина.

Во стратешки документ на Стејт департментот се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание.

Стоилковиќ јавно удира врз стратешките интереси на Македонија заедно со уредникот на 40% од Орбановите медиуми – Началникот Латас.

Засилувањето на ова влијание, ќе се зголеми со доаѓањето на српската медиумска машинерија преку Ало и Еуроњус во Македонија на чело со Ивона Талевска.

Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси“, изјави Кети Штерјова, СДСМ.