Карлос Корберан побара двајца голмани кои можат да бидат стартери во секој момент за новата натпреварувачка сезона, а откако тоа го имаше во Столе Димитриевски подолго време, сега тренерот на Валенсија доби и втор голман.
„Лилјаците“ го промовираа Кејн Ван Увелен кој дојде на позајмица од Ипсвич, па иако медиумите го најавија како човек кој треба да му биде сериозен конкурент на Столе, младиот 23-годишен Холанѓанец посочи дека доаѓа со желба да напредува и да научи од далеку поискусен чувар на мрежата како што е Македонецот.
– Димитриевски е многу добар голман и сите кои ја следат Шпанија се запознаени со тоа. Од мене ќе зависи да го дадам најдоброто од себе и да му покажам на тренерот дека може да смета на моите услуги. Тренерот е тој кој ги носи одлуките дали треба и кога ќе играм, – изјави Ван Увелен, кој сепак не негира дека доаѓа со желба да биде стартер во блиска иднина.
– Ќе дадам се што имам за да го убедам тренерот и да се најдам во стартниот тим. Ќе дадам сè што имам, ќе се притискам сам себе и ќе се обидам да научам од Димитриевски, – изјави новиот голман на Валенсија.
Ван Увелен беше на радарот на Валенсија уште во раната фаза на летниот преоден рок, но тогаш Ипсвич реагираше побрзо и го купи талентираниот голман, кој сега една година ќе мине како отстапен играч на „Месталја“.








