Челси ја започна ерата „Чаби Алонсо“ во Премиер лигата на посакуван начин и со победа од 2:3 во малото лондонско дерби, но што е уште поважно за тимот, Кол Палмер се прикажа во издание какво што не го гледавме минатата сезона.
„Десетката“ на Челси одигра извонреден натпревар и беше креатор на многу опасни акции, па покрај тоа што го отвори натпреварот со асистенција, во продолжение постигна и гол.
Палмер очекува да ја врати најдобрата форма под водство на Алонсо и напорно работеше на фитнесот за време на летните подготовки, па по победата над Фулам доби и прашање на тема која малку не изгледаше логична за него.
Новинарката на „Скај Спортс“ го запраша Палмер колку е добро подготвен за новата сезона, по што Кол даде хит одговор.
– Го гледаше ли натпреварот…
You heard him. 🥶 pic.twitter.com/kko4pytuy0
— Premier League (@premierleague) August 25, 2026








