Тотенхем продолжува со своето трансфер лудило ова лето и денеска официјално реализираше уште еден голем трансфер, па така сумата која досега ја потрошија за нови засилувања надмина и 300 милиони евра.
По ангажманите на Фернандеш, Тонали и Ван Хеке, „петлите“ ги договорија сите детали и за Бразилецот Савињо, кој во касата на Манчестер Сити ќе остави импресивни 100 милиони евра.
Иако немаше некои позначајни изданија во синиот дрес на Сити, Савињо успеа да задржи неверојатна висока пазарна вредност, па така „граѓаните“ успеаја да профитираат и од фудбалер кој постигна само два премиерлигашки гола во две сезони, заработуваат вистинско богатство.
Сити попладнево прв ја објави веста дека Савињо го комплетирал трансферот во Северен Лондон, по што со соопштение се јави и Тотенхем.
Ова е четврто големо засилување за Роберто Де Ѕерби ова лето, во кое покрај Фернандеш, Тонали и Ван Хеке, како слободни агенти ги доби и Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Мартин Дубравка.







