Челси отвори со победа на стартот на новата сезона во Премиер лигата и го доби трилер дуелот со Фулам во малото лондонско дерби, но иако Чаби Алонсо може да биде задоволен од офанзивниот дел на играта на неговиот тим, јасно е дека ќе мора да коригира доста нешта во дефанзивна смисла.
Фулам знаеше како да нанесе штета и постигна два гола во поразот од 2:3, па во период кога Челси троши многу пари и се очекува да добие уште некое засилување до крајот на летниот преоден рок, навистина чудно е како клубот не доведе нов голман.
Роберт Санчез беше жестоко критикуван од познатите експерти минатата сезона и беше посочен како најслаба алка во тимот на Челси, но и покрај таквиот статус кој го ужива во Англија, тој засега останува стартен голман на Челси.
Санчез имаше навистина лоша реакција при првиот гол кој го постигна Фулам вчера за 1:1, па откако медиумите и аналитичарите повторно му се нафрлија, Алонсо реши да застане во одбрана на својот сонародник.
– Лошата реакција на Санчез? На крајот се се сведува на тимот, јас ја гледам работата како тим, не издвојувам индивидуалци. При првиот гол, сметам дека можевме да реагираме многу подобро како тим, не би издвол индивидуален момент. Мора да научиме од тоа и да продолжиме напред, тоа е дел од процесот. Не е лесно да се победи на гостински терен во Премиер лигата, а тие го направивме тоа уште на стартот. Сакаме да бидеме подобри на сите делови од теренот. Санчез треба да остане релаксиран и да продолжи напред, исто како и сите останати членови во тимот, – изјави Алонсо.







