Невил отпиша великани и го издвои тимот што ќе ја освои Премиер лигата

Дерби

24/08/2026

11:40

221

Големина на фонт

а а а

Вечерва со мечот меѓу Фулам и Челси ќе се комплетира првото коло во Премиер лигата, но и без него легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунатед, Гери Невил веќе донесе експресен заклучок кога е во прашање борбата за пехарот.

Невил кој многу добро знае како се освојува ПЛ од тоа што го виде во првата рунда, а и од тоа што од претходно го има како слика верува дека е возможно само едно сценарио за натпреварувачката 2026/2027 и тоа е Арсенал да биде шампион.

- Минатата недела, кога ја разгледувавме сезоната, сè што постојано мислев беше дека ова ќе биде најнепредвидливата сезона и дека ќе биде интригантна. Имаме нови менаџери, многу нови играчи и толку многу промени на врвот. Арсенал треба да ја освои оваа лига без никакви проблеми. Видовме како Тотенхем е поразен, како Манчестер Јунајтед губи, како Ливерпул речиси губи, како Манчестер Сити се бори за победа дома… Непредвидливата природа што мислевме дека ќе ја видиме на врвот ја видовме и на првиот викенд. Се одвиваше речиси онака како што мислев дека ќе биде, - истакна Гери кој имаше што да каже за „црвените“.

- Не си ни блиску до тим што ќе освои титула- изјави Невил.

Тој истакна дека нивната моментална структура на средниот ред ги прави ранливи на контранапади и веднаш изврши притисок врз нивните нови засилувања.

- Друга голема работа за Ливерпул е што ги имаат Исак и Вирц, кои наскоро ќе мора да почнат да играат. Бевме добри кон нив двајца. Тие треба да почнат да даваат резултати и треба да се подобрат, - порача Гери.