Кол е сигурен во една прогноза за ПЛ: Тие се испаднати уште пред да почне сезоната

Дерби

21/08/2026

11:32

222

Големина на фонт

а а а

Џо Кол знае да предизвика реакции со своите контроверзни изјави, а сега успеа да се истакне со прогнозата за екипите кои нема да обезбедат опстанок во Премиер лигата.

Во последното подкаст гостување, поранешниот англиски репрезентативец без размислување истакнал дека екипата на Хал е испадната уште отсега.

– Тие се веќе испаднати, влегоа во лигата од задна врата, едноставно имаа среќа.

– Потрошија 70 милиони фунти, ќе бидам шокиран ако останат во Премиер лигата.

– Мора да ви кажам нешто. Од „Ти-Ен-Ти“ ме контактираа за новата сезона и ми рекоа тогаш ќе одиш на натпревар на Јунајтед, тогаш на Челси… Потоа се обидоа да ми утрапат и натпревар на Хал, но јас им спуштив слушалка, – рекол Кол.