Арсенал не се откажува од „невозможен“ трансфер, во пакетот го вклучува и Мартинели

Дерби

21/08/2026

10:33

117

Големина на фонт

а а а

Арсенал има екипа со која може реално да се надева дека ќе биде во добра позиција да ја одбрани титулата во Премиер лигата, но амбициите на Микел Артета сега се поголеми и тој сака да ја нападне и Лигата на шампионите.

„Топчиите“ сонуваат за својата прва титула во најелитното натпреварување, а за таа цел менаџерот очекува уште неколку засилувања на позициите на кои смета дека треба да има поголем квалитет.

Артета одамна е голем фан на Кенан Јилдиз од Јувентус, па англиските медиуми тврдат дека тој се уште не се откажал од идејата да го ангажира турскиот репрезентативец, иако тој во моментов е основа на проектот на торинскиот клуб.

„Инденпендент“ тврди дека Арсенал е подготвен да плати 60 милиони фунти и да го испрати Габриел Мартинели во Јувентус, само за да го добие Јилдиз, кој за Артета претставува клучниот дел од сложувалката, со која „топчиите“ би биле претендент за европски успех.

Летово Артете сметаше дека полесно ќе го добие Винисиус Жуниор на истата позиција, но Бразилецот се откажа од првичната идеја и потврди дека останува во Реал Мадрид.