Во последното деноноќие се регистрирани вкупно 35 пожари на отворен простор во Македонија, од кои пет сè уште се активни, два се под контрола, а 28 се веќе изгаснати, според извештај од Центарот за управување со кризи.
Денеска до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пет пожари: Општина Прилеп: село Чаниште – крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација); Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Кичево: село Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума) и Општина Липково: село Никуштак (ниска вегетација и шума).
Под контрола се два пожари во општина Могила, село Мојно (ниска вегетација) и оштина Крушево, село Белушино – село Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
Изгаснати се вкупно 28 пожари.








