ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство да отвори случај за непостапување на Филипче како министер за здравство, во врска со загадената вода во Гостивар и целосната држава и да ја утврди одговорноста за овој проблем.
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.
„Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки.
Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил.
Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана.
Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција.
Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.








