Денеска температурата до 40 степени, од недела се очекува постепено опаѓање и дожд

Макфакс

21/08/2026

07:49

318

Големина на фонт

а а а

Денеска и во наредните денови се очекуваат високи температури до 40 степени, а од недела ќе дојде до постепено опаѓање на температурата со појава на дожд, грмежи и засилен ветер во одредени делови од земјата.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Времето во наредните денови

Денеска и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Во недела и следните неколку денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.