Општина Аеродром: Kомуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии

Макфакс

21/08/2026

09:40

95

Големина на фонт

а а а

Комуналните екипи на Општина Аеродром работеа до доцна во ноќта на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини со цел подобрување на условите за сите граѓани.

Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром.

„Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром.