Премиерот Христијан Мицкоски, порачува дека Мала Преспа е пример дека границите можат да поделат териториите, но не и јазикот, културата и чувството на припадност, истакнувајќи ја важноста на поддршката на македонскиот јазик и традиција.
„Мала Преспа е доказ дека граничите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност“, напиша на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски.
„Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас.
Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации.
Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа!“, порача Мицкоски.








