Хајди Клум повторно предизвика бројни реакции на Инстаграм. Имено германската манекенка објави фотографија од летниот одмор на која позирала во топлес издание, покриена само со пешкир и облечена во долна облека од тантела, а нејзината објава брзо го привлече вниманието на следбениците.
Клум покрај фотографијата кратко напиша „Утро“, додавајќи неколку емотикони со сонце, палми и море. На фотографијата позирала на отворено, со пешкир префрлен преку рамото и со поглед насочен кон камерата. Во преден план ги стави опуштената атмосфера и својата фигура, која често ја покажува на социјалните мрежи.
На некои ова им е премногу
Објавата веднаш предизвика лавина од коментари. Многумина ѝ порачаа дека изгледа одлично и ја пофалија нејзината самодоверба. „Моја инспирација. Бидејќи е убава, секако, но пред сè е духовита и паметна. Најдобра“, напиша една следбеничка, додека други пишуваа коментари како „Кралица“, „Божица“, „Прекрасна Хајди“ и „Изгледаш одлично“.

Сепак, сите не беа воодушевени од нејзиното издание. Дел од следбениците сметаат дека фотографијата е премногу провокативна, а некои особено се фокусираа на еден детаљ на долната облека.
„Дали е тоа крв?“, „Зошто гледам крв?“, „Имаш менструација?“, прашуваа некои во коментарите, додека други го критикуваа нејзиниот избор на фотографија. „Не ми се допаѓа, искрено … не знам која е потребата од ова“, напиша еден корисник. „Лош вкус за толку убава и елегантна дама“, додаде друга следбеничка. „Премногу покажуваш, девојко“, „Изгледаш одлично, но јас не би го објавил ова“, „Инстаграм треба да го блокира ова“, беа само дел од коментарите.
Меѓутоа имаше и такви кои ја бранеа Хајди и ги критикуваа негативните коментари. „Искрено ми е жал кога гледам колку несигурни луѓе има во коментарите“, напиша еден корисник.










