[ВИДЕО] „Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока“, вели Манасиевски

Макфакс

20/08/2026

16:51

201

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски ја коментираше одлуката на ОЈО ГОКК и улогата на Ислам Абази во затворањето на истрагата за модуларните болници, посочувајќи дека Венко Филипче е главно одговорен за настанатиот пожар и недоволната техничка документација.

Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока. Аргатот на Заев, Филипче и Ахмети, Ислам Абази шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на КОВИД кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден денешен, 20 август 2026 година, точно 5 години подоцна, ОЈО ГОКК предводенo од Абази, вели дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.

Закон и одговорност

Да потсетиме, за да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што живи горат 14 наши сограѓани, Филипче и Зоран Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување и одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче. Што значи, Филипче е директно одговорен за поставување на модуларните болници, и секако за се што се случило по тоа.

Технички пропусти

Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации ниту пак направил елаборат за електрична енергија. Со тоа, Филипче е директниот виновник за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година.

Исто така, да не заборавиме и дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица.

Јавни набавки и истрага

Овој предмет го воделе прво Вилма Русковска, за потоа да оди во фиоките на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска и таму да фаќа прашина по фиоки, за на крај да оди кај трета обвинителка, која вели дека не постои основано сомнение за сторен криминал.

Затоа и денес токму Филипче не даде коментар за одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на предметот, која тој веќе однапред ја знаел, бидејќи бил известен.

На само некој месец, од заминувањето од функцијата шеф на ОЈО ГОКК, аргатот Ислам Абази си ја одработува својата задача, и ги заштитува своите шефови.

За крај, тоа што денес е затворена истрагата, не мора да значи дека утре нема да излезат нови докази и повторно да се отвори истата постапка“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.