Министерот Агон Ферати и амбасадорот на Австрија Мартин Памер разговараа за европската интеграција на Северна Македонија, децентрализацијата и значењето на градењето доверба во мултиетничкото и мултиконфесионално општество, како и за соработката помеѓу невладините организации.
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи.
На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество. Амбасадорот Памер го оцени позитивно организирањето на настанот по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, истакнувајќи го неговото значење за соживотот и општествената кохезија.
Соговорниците разговараа и за можностите за зајакнување на соработката преку проекти на невладините организации од двете земји. Беше оценето дека соработката во оваа област може да придонесе за зајакнување на демократијата, вклучување на младите, градење доверба и развој на етничките заедници.








