Милан може да плати 65 милиони за Мореира, Мендеш стои зад двата најскапи трансфери на „росонерите“

Дерби

20/08/2026

13:48

180

Големина на фонт

а а а

Раководството на Милан летово се обидува да исправи дел од трансфер грешките од минатото и да доведе соодветен профил на играчи, какви што му се потребни на новиот тренер Рубен Аморим.

Досега клубот договори разделба со неколку прекубројни играчи, дел се уште бараат нови клубови, а вчера беше промовирано и едно засилување.

Можеби и најголемото изненадување во преодниот рок во Италија, Диего Мореира дојде од Стразбур и го избра дресот со број 22, а медиумите тврдат дека ќе го чини Милан неверојатни 65 милиони евра.    

Французите го откупија Белгиецот од Челси за 8,5 милиони евра, а сега тој според најавите чини фиксни 50 милиони евра и евентуални 15 милиони во вид на бонуси (различни медиуми излегоа со различна формула, но вкупната сума се поклопува). Тоа не е големо изненадување ако се знае дека зад трансферот стои супер агентот Жорге Мендеш, кој претходно во Милан го доведе Гонсало Рамош за над 70 милиони евра.

Португалецот направи одлични зделки за себе и својата агенција, а допрва ќе видиме дали Рамош и Мореира ќе ги оправдаат инвестираните пари.

Во меѓувреме Мендеш може да го зголеми својот профит од бизнисот со Милан, бидејќи бара нови клубови и за Рафаел Леао и Первис Еступињан, трансфери од кои сигурно ќе има провизија и за него.