Мерсон прогнозирал Топ 6 пласман во ПЛ и истакнал зошто е загрижен за Манчестер Јунајтед

Дерби

20/08/2026

13:10

180

Големина на фонт

а а а

Новата сезона во англиската Премиер лига започнува со дуелот меѓу Арсенал и Ковентри, а Пол Мерсон смета дека токму „топчиите“ ќе бидат шампиони и во новата сезона.

Поранешниот англиски репрезентативец го прогнозирал распоредот на врвот во Премиер лигата за „Скај Спортс“ и како и многумина негови колеги, очекува дека Микел Артета ќе стане еден од ретките менаџери кои одбраниле титула во англиската елита.

– Арсенал ќе заврши на првото место, не гледам кој би ги запрел. Можеби имаат слабости за во Лигата на шампионите, но не и за во Премиер лигата.

– Ме потсетуваат на Манчестер Сити и начинот на кој тие воспоставија доминација, ангажирајќи по двајца квалитетни играчи на секоја позиција, – рекол Мерсон.

Интересно е што Мерсон се одлучил за Ливерпул и Челси на второто место, Манчестер Сити според него може да стигне само до Топ 4, а му дава предност на Тотенхем во однос на Манчестер Јунајтед.

– Загижен сум за Манчестер Јунајтед со Европа. Го видовме тоа минатата сезона понекогаш, нивниот состав е многу тенок. Ако Бруно Фернандеш се повреди, тогаш навистина станува загрижувачки. И да, го имаат Јури Тилеманс таму, но не гледам доминантен среден ред. Манчестер Јунајтед ќе има свои подеми и падови – и не очекувам да се борат за титулата, прерано е за такво нешто.

– Едноставно не го разбирам потпишувањето на Андреј Сантош. Можеби грешам и Манчестер Јунајтед гледа нешто различно, – потенцира Мерсон.