Грција бележи нагло зголемување на бројот на заразени со западнонилска треска, починале 13 лица

Макфакс

20/08/2026

11:20

131

Големина на фонт

а а а

Во Грција се бележи значително зголемување на заразени од западнонилска треска, со вкупно 157 заболени и 13 починати од почетокот на годината, најмногу случаи има во источна Атика.

Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот.

Најголем број случаи е регистриран во источна Атика.

Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот нервен систем (енцефалитис или менингитис).