Челси му ја зема „деветката“ на Делап, друг играч добива шанса да го прекине „проклетството“

Дерби

20/08/2026

10:15

221

Големина на фонт

а а а

Новата менаџерска смена и доаѓањето на Чаби Алонсо подразбира и дополнителни промени во секогаш преголемиот ростер на Челси, а премиерлигашот со потврдата на броевите на дресовите за новата сезона индиректно најави и кои играчи се вишок на „Стемфорд Бриџ“.

Во ова друштво е и Лиам Делап, фудбалерот кој минатото лето се пресели во Челси за 30 милиони фунти, но не успее да се наметне со своите игри и ја заврши сезоната со само три постигнати голови.

Делап сега ја загуби „деветката“ и таа му е доверена на Жоао Педро, фудбалер кој остави многу подобар впечаток откако се пресели во Лондон. Во меѓувреме, на Делап му припадна дресот со број 12, или оној кој минатата сезона го носеше резервниот голман Филип Јоргенсен.

Покрај тоа што доби заслужена привилегија, бразилскиот напаѓач ќе биде уште еден играч во низата кои се обиделе да го стават крај на „проклетството“ на овој дрес во Челси.

Премиерлигашот потроши половина милијарда фунти за да најде наследник на Џими Флојд Хазелбенк, а во таа авантура последните две децении потфрлија играчи како Торес, Креспо, Фалкао, Лукаку и други.