Новата „седумка“ се најави со убав гол, Атлетико ја отвори новата сезона со победа

Дерби

20/08/2026

07:53

297

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид ја победи Малага со 2:0 и на посакуван начин ја отвори новата сезона во шпанската Ла Лига.

Диего Симеоне сезонава не смета на Антоан Гризман, но новата „седумка“, засилувањето Канг-Ин Ли успеа да погоди на атрактивен начин уште на дебито и го отвори резултатот.

Кореецот влезе во игра во 57. минута, а тринаесет минути подоцна ги израдува домашните фанови, за уште еден резервист, Алекс Баена да ги постави конечните 2:0 во 85. минута и тоа на уште поатрактивен начин.

Атлетико не дозволи кикс против екипата која се врати во елитата по подолго време, а на оваа средба во комбинација не беше Хулијан Алварез, кој според тренерот се уште не е во посакувана форма.