Жозе Мурињо ќе има и слатки маки при составувањето на стартната постава на Реал Мадрид во текот на сезоната, но во оваа фаза од летото, се чини дека Арда Ѓулер е еден од оние кои имаат гарантирано место во почетните 11 на португалскиот стручњак.
Новиот тренер на Реал Мадрид е свесен дека нема да може да ги задоволи сите ѕвезди кои ги има во тимот во даден момент, меѓутоа и самиот е свесен дека Арда е фудбалер кој поседува можеби и најголем технички потенцијал од сите останати играчи кои ги има во нападот.
Ако се изземе Бернардо Силва кој е во подоцнежна фаза од кариерата, младиот Турчин треба да биде најкреативен играч во тимот на Мурињо, а самиот Португалец вели дека во Ѓулер препознава сигнали кои го потсетуваат на Силва, но и на Лука Модриќ.
– Има само еден Лука и само еден Крос, но мене нависитна премногу ми се допаѓа Арда. Кога го гледам него, мислам дека ќе се случи истото што им се случи на Силва и Модриќ.
– Тој ќе заврши како Модриќ. Ја почна играчката кариера играјќи поофанзивно како десетка, но како што ќе одминува времето и годините, ќе почне да се повлекува во средниот ред. На крајот ќе заврши како „8-ца“ или „6-ка“. Арда ќе оди во таа дирекција и тоа ќе си дојде природно како што ќе еволуира низ годините, – изјави Мурињо во интервјуто за „Ел Чирингито“.








