Нова надеж во борбата против меланомот: Вакцината на „Модерна“ успешно ја помина доцната фаза на тестирањето

Точка

19/08/2026

21:17

258

Големина на фонт

а а а

МРНК-вакцината на компанијата „Модерна“, во комбинација со имунотерапијата на „Мерк“, успешно ја помина доцната фаза од клиничкото испитување за превентивна употреба против рак на кожата, соопштија денеска компаниите.

Истражувањето сè уште е во тек, но привремените резултати покажале дека третманот со интисмеран ја постигнал својата примарна цел – намалување на повторната појава на ракот, како и секундарната цел – спречување на ширењето на ракот на други делови од телото, пренесе Си-ен-ен.


Минатиот месец, аналитичарите проценија дека очекуваат терапијата за лекување на меланом да оствари приходи од околу три милијарди долари до 2035 година.

Компанијата „Модерна“ го диверзифицираше своето портфолио надвор од рамките на вакцината против Ковид-19, а неодамна во својата производствена програма додаде и вакцина против грип, одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА).


Истовремено, компанијата развива експериментални вакцини против болести како што се норовирусот и Лајмската болест.