Џан Пјеро Гасперини не криеше разочарување од некои некомплетирани зделки на клубот во досегашниот тек на летниот преоден рок, но тоа како да ги мотивираше оперативците на клубот побрзо од очекувањата да завршат преговори кои според многумина требаше да траат до завршната фаза од месец август.
Гасперини е познат како тренер кој сака брзи крилни фудбалери во својот тим, а тоа дефинитивно ќе го добие во суперталентираниот Родриго Мора кој се претвора и во најскапо засилување во историјата на клубот.
Интересната зделка склучена со Порто вклучува фиксни 25 милиони евра за кои Рома ќе добие 50 проценти од правата на фудбалерот, но по крајот на сезоната, римскиот клуб ќе има опција за уште 25 милиони евра да се стекне со сите права на крилото.
Вкупната сума од 50 милиони евра го прави Мора најскапо засилување во историјата на римскиот клуб, а со оглед на тоа што Родриго веќе беше претставен во јавноста како голем суперталент, тифозите побрзаа да го пречекаат на аеродромот.
Младиот Мора има само 19 години и важи за еден од најнадежните фудбалери во Португалија, па за очекување е сиот свој потенцијал да го прикаже во дресот на Рома и во италијанската Серија А.
.@OfficialASRoma, Rodrigo Mora è arrivato in Italia pic.twitter.com/niy8ozw2Lr
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2026
🇵🇹 Rodrigo Mora está prestes a se tornar a contratação mais cara da história da Roma.
— Central AS Roma (@CentralASRoma) August 18, 2026
Nas últimas duas temporadas, o português foi o 3º jogador mais jovem com mais participações em gols, atrás apenas de Lamine Yamal e Diomandé.
A joia chegou. Bem-vindo à Roma. 🟡🔴 pic.twitter.com/P4EPc50f42








