Младиот Трепи бил екстубиран од лекарите, болницата од Сардинија излезе со ново соопштение

Дерби

19/08/2026

10:51

152

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалер Жаел Трепи два дена беше во индуцирана кома после немилиот инцидент кој се случи во неделата, но вчера во текот на ноќта бил екстубиран од лекарите и најдобра вест е тоа што младиот член на Калјари е во добра здравствена состојба.

Лекарскиот тим од болницата во Сасари ја информираше јавноста дека 20-годишниот Трепи е надвор од животна опасност откако успешно бил ослободен од механичка вентилација, а исклучително позитивно е тоа што фудбалерот не покажал никакви знаци на невролошки нарушувања откако се разбудил.

– Одржувањето на оптимална респираторна асистенција ни овозможи да ја прекимене механичката вентилација и попладнето да го екстубираме пациентот.

– По будењето, пациентот покажа целосно закрепнување и нема знаци за губење свест. Тој е буден и соработува и во моментов не покажува никакви знаци на невролошки дефицит, – гласи соопштението, во кое се наведува дека респираторната и кардиоваскуларната состојба на фудбалерот е стабилна.

Ова се најпозитивните можни вести кои можеа да се слушнат за младиот фудбалер, за кого обвинителството во меѓувреме истражува што се случило во базенот во вилата во која престојувал на Сардинија.

Според првата верзија, фудбалерот влегов во подлабоката зона од базенот и настрадал поради тоа што не знае да плива, а втората верзија оди во правец дека му се слошило и поради тоа нагло почнал да тоне во базенот.