Преку ноќ стана најпосакуваниот маж, а почина со 40 килограми и во страшни маки: Се зборуваше дека сопругата го удирала и го држела како затвореник на нивниот ранч

Точка

19/08/2026

10:33

765

Големина на фонт

а а а

На денешен ден е роден Патрик Свејзи, кој доколку беше жив, ќе го прославеше 74-от роденден. Начинот на кој почина им ги скрши срцата на неговите најблиски.

Познатиот холивудски убавец Патрик Свејзи ја стекна славата со култниот филм „Dirty Dancing“. Преку ноќ стана најпосакуваниот маж во Холивуд, а улогите му се нудеа „на тацна“.

За жал, набрзо стана јасно како ден дека славата има и мрачна страна. Свејзи имал големи проблеми со алкохолот, а ситуацијата дополнително се влошила откако неговата сестра извршила самоубиство. Тогаш за првпат побарал професионална помош за да може да продолжи да се занимава со глума.

Меѓутоа, во годините што следувале, Свејзи повеќепати завршувал на рехабилитација. Покрај тоа, бил и страстен пушач, па знаел да консумира и по неколку кутии цигари дневно, што трајно го нарушило неговото здравје, а подоцна довело и до рак на панкреасот.


Покрај него, до последниот ден, била неговата сопруга Лиса Ниеми, со која се венчал уште во далечната 1975 година. Во бракот поминале повеќе од три децении, а интересно е што Лиза, која била 14 години постара од него, ја запознал уште кога имал само 18 години. Таа земала часови по танц од неговата мајка.

Свејзи бил лудо вљубен во неа, а на Лиса ѝ посветил и еден од своите најголеми хитови „She's Like a Wind“.

За жал, иако актерот до крајот на животот се трудел да покаже колку е силна неговата љубов со сопругата, во јавноста кружеле поинакви приказни.


Откако се разболе, се прошири приказната дека наводно бил во домашен притвор, дека Лиса била и насилна, дека го изневерувала и го оставила да умре со 40 килограми, во најстрашни маки, нечистотија и болки.

Кој ги отпочнал приказните?

Главен извор на овие обвинувања биле одредени членови на семејството на Свејзи, пред сè неговиот брат Шон Свејзи, како и роднини и блиски пријатели кои давале изјави за медиумите. Тие јавно ја обвиниле Лиса Ниеми дека за време на неговата борба со болеста го занемарувала, психички и физички го малтретирала, па дури и дека му забранувала да ја гледа својата мајка Патси.


Хаос во јавноста предизвика и низата текстови на таблоидот „The National Enquirer“, со изјави од анонимни извори и членови на семејството, во кои се тврдело дека актерот последните месеци ги поминал во „хорор услови“, дека бил остава́н сам во сопствените измет и урина, дека сопругата го удирала и гребела, како и дека го држела како „затвореник“ на нивниот ранч.

Што е позадината на приказната?

Позадината на овие обвинувања лежи во длабокиот семеен раскол околу имотот и наследството. Свејзи непосредно пред смртта го променил тестаментот и целиот имот, проценет на околу 40 милиони долари, ѝ го оставил исклучиво на својата сопруга Лиса Ниеми, со која бил во брак повеќе од 30 години. Неговите браќа, сестра и поширокото семејство останале без каков било дел од наследството.

Лиса категорично ги отфрлила сите овие обвинувања како гнасни лаги и обид за оркестрирано оцрнување со цел да се оспори тестаментот.


Нејзината приказна ја потврдиле и негувателите на Свејзи и блиските пријатели, кои навеле дека Лиса била покрај него цело време и дека се грижела за него во најтешките моменти од напреднатиот стадиум на ракот.

Потегот на вдовицата ги разбесни сите

Сепак, еден потег на вдовицата Лиса ја шокираше јавноста и повторно предизвика бран сомнежи околу тоа што е вистина. Набрзо по смртта на Свејзи, Лиса го продаде нивниот познат ранч во Калифорнија, а потоа и личните предмети на актерот на аукција, вклучувајќи ја и неговата јакна од филмот „Dirty Dancing“. Тоа предизвика огромен гнев и револт меѓу роднините на Свејзи, но и кај обожавателите ширум светот.

Пет години по смртта на актерот, таа се омажи за јувелирот Алберт ДеПриско, а се запознале преку заеднички пријатели на една прослава во 2012 година.

Лиса во медиумите често истакнуваше дека сè уште го чува споменот на Патрик и дека долго време чувствувала вина што повторно сака, но дека од неговото семејство, пред сè од мајката на Патрик, Патси, додека била жива, добила благослов да продолжи со својот живот.