[ФОТО/ВИДЕО] Рај за очи: Ана Ивановиќ знае како да искомбинира мини-здолниште така што секојдневниот стајлинг го претвора во чист луксуз

Точка

18/08/2026

10:06

973

Големина на фонт

а а а

„Софистицираното женствено“ здолниште од „Zimmermann“, кое е истовремено едноставно и многу ефективно, изгледа најдобро кога е во комбинација со ненаметливи парчиња, а една од најдобро облечените Србинки добро го знае ова.

Во текот на својата кариера, српската тенисерка Ана Ивановиќ важеше за една од најдобро облечените жени во светскиот спорт, а откако го „напушти“ рекетот, нејзините обожаватели можат секојдневно да ѕирнат во нејзините инспиративни модни комбинации.


Спортистката често споделува фотографии од своите комбинации за разни пригоди, а за време на викендот покажа малку полежерен трендовски стајлинг, совршен за топлите летни денови.

Ана позираше во комбинација од жолта маица без ракави со затворена јака и ленено мини здолниште од „Zimmermann“.


Со оглед на тоа колку е ефективно здолништето, благодарение на принтот и нежната боја на ф'стак, тенисерката паметно го искомбинирала со обична маица и остатокот од облеката. Станува збор за едноставен модел со рамен крој, украсен со принт, кој, како што пишува брендот на својата веб-страница, зрачи со „софистицирана женственост“.


Тенисерката додала рамни сандали од брендот „Dr. Martens“, бел модел покриен со кожни ремени, кој е идеален за долги прошетки поради удобната, црна платформа.

Дополнително, таа ја носела и „Le Chiquito“, познатата чанта од модната куќа „Jacquemus“, а резултатот е трендовски изглед за секој ден!


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Ана Ивановиќ?