[ФОТО] Сите гледале во раскошните облини во латекс: Ким Кардашијан многумина остави без зборови

Точка

07/11/2026

11:30

968

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан успеа да ги привлече погледите на модните критичари со уште едно привлечно издание. Таа избра архивска креација и ѝ даде сосема нов сјај.

Ким Кардашијан веќе некое време привлекува внимание од јавноста. Таа работи напорно на промотивната турнеја за втората сезона на „All's Fair“, а секое нејзино издание е приказна само по себе. Неодамна во Њујорк покажа интересен фустан со длабоко деколте, а сега на архивската креација ѝ даде модерен пресврт.

Имено, за уште една премиера на серијата во Њујорк, таа избра фустан од „Пако Рабан“ во боја на праска, направен од латекс и интересен ланец што се протега по целата должина на силуетата.

Фустанот е дел од колекцијата висока мода пролет/лето 1996 година, а ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, односно нејзините прекрасни облини.

За да го комплетира стајлингот, познатата реалити ѕвезда додаде високи потпетици и ја остави косата слободно да паѓа по грбот.

Што се однесува до шминката, таа ја избра вообичаената комбинација од „nude“ тонови што ги истакнуваа нејзините црти на лицето.