Руни по последниот скандал во ПЛ: Преку глава ми е од ВАР…

Дерби

14/09/2026

12:50

140

Големина на фонт

а а а

Премиер лигата е најдобрата, најконкурентната лига на светот, но и тука има некои ситуации кои едноставно не смеат да се случат на ова ниво како онаа вчерашната на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Гостите со десетмина на теренот се изборија за славје од 1-0 на „Олд Трафорд“, меѓутоа голот што го постигна Ерлинг Халанд е нерегуларен.

Во прв момент истиот беше поништен поради офсајд, ВАР се впушти во акција и беше утврдено дека се е чисто и дека Норвеваженцот не е во недозволена ситуација. Меѓутоа ВАР судиите заборавија на Енцо Фернандез и неговата инволвираност, па потоа стигна соопштение од Судиското тело (Pro Ref) дека е направена грешка и му се извинија на Јунајтед.

Сето ова носи негативна слика, а на Вејн Руни му е преку глава од ВАР системот и меѓу редови побара укинување.

- Едноставно ми е преку глава од ВАР. Мислам дека е ужасен. Ги одзема сите емоции од играта и енергијата со која се игра играта. Да не се види тоа и да не се препознае дека Енцо Фернандез е во офсајд позиција, секој што ја играл играта на кое било ниво го разбира тоа и знае дека е во офсајд позиција. Да се ​​сфати толку погрешно, едноставно е збунувачки, - порача славниот англиски репрезентативец.