Расинг Сантандер се врати во елитниот шпански фудбал по пауза од 14 години, а на премиерниот меч во новата сезона понуди вистински спектакл со Вилјареал.
Натпреварот заврши 2:2 и видовме два навистина убави голови, но и импресивни технички квалитети од човекот кој направи кам-бек во клубот во кое се оформи.
Серхио Каналес се врати во Расинг и во шпанската Ла Лига и ги потсети фановите дека не ја загубил фудаблската магија, па неговите потези во средниот ред беа одбележани и од Ла Лига.
Магионичарот од Кантабрија очигледно ќе има голем мотив да го претстави Расинг Сантандер на најдобар можен начин во сезоната во која игра во Ла Лига, а тоа на своја кожа го почувствуваа двајца играчи на Вилјареал.
Натпреварот заврши 2:2, па така тимот од Кантабрија го освои и првиот бод во првата сезона во шпанската елита во последните 14 години.










