Гатузо доживеа голем шок на првиот официјален меч во Лацио: Испадна од второлигаш во Купот

Дерби

17/08/2026

10:56

192

Големина на фонт

а а а

Џенаро Гатузо допрва треба да го докомплетира тимот и да добие уште некое посакувано засилување до крајот на месец август, а во период кога се уште е во потрага на вистинската идеја за својот тим, Рино доби прво големо разочарување.

Неколку дена по возбудата која настана поради ангажманот на Давиде Фратези, фановите на Лацио беа брутално приземјени, и тоа од тим кој лани заврши деветти во Серија Б.

Мантова успеа да го освои „Олимпико“ и да постигне два гола за голема победа над Лацио, а воедно го приреди и првото огромно изненадување на средината на месец август.

Големото засилување Фратези доби шанса во завршните 20 минути од мечот, но токму со него на теренот, Лацио прими два гола и доживеа прв голем срам во ерата на Гатузо.

Руоко погоди за 0:1 во 75-та минута, а иако Лацио се обиде да реагира, на крајот прими уште еден гол длабоко во судиското продолжение од Кајазо за конечни 0:2.