Поради планирани технички интервенции на ЕВН Македонија, денеска делови од општините Илинден и Гази Баба ќе бидат без електрична енергија во одредени периоди од денот.
Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц, општина Илинден и
– Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2, општина Гази Баба.








