Снимка од една свадба во Хрватска привлече големо внимание на социјалните мрежи поради необичната сцена што следуваше откако младенците излегоа од матичната служба.
Наместо традиционалниот обичај во кој младоженецот ја пренесува невестата преку прагот, овој пар одлучи целосно да ги замени улогите. Невестата, на изненадување на присутните, го крена својот сопруг во раце и го пренесе преку прагот.
Со снимката беше објавен и шеговит опис: „Кога си толку силна што се мажиш во рамни сандали и го носиш младоженецот на раце“.
Снимката набрзо предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, кои го коментираа необичниот, но и симпатичен момент од венчавката.
„Нешто оригинално, бидејќи се знае кој го држи семејството! Зад секој успешен сопруг стои силна жена“, „Честитки, обожавам кога некој има храброст“, „Навистина прекрасно, секогаш своја и не дозволила да ѝ наметнат нешто што се очекува… честитки од срце“, се само дел од коментарите.







