Ивановски го освои 46. место на маратонот на ЕП во Бирмингем

Дерби

16/08/2026

13:46

220

Големина на фонт

а а а

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, денеска настапи на маратонската трка во рамките на Европското првенство и истата ја заврши на 46. место.

Ивановски настапи во Бирмингем како наш единствен претставник, а маратонската делница ја поминал за 2:22:39, што секако е далеку од неговото најдобро време.

На маратонот настапиле вкупно 60 натпреварувачи, а дел од нив не успеале да истрчаат 42 километри низ улиците на Бирмингем.

Златниот медал на трката го освоил германскиот маратонец Аманал Петрос, кој ја завршил делницата за 2:09:11, додека на победничкиот подиум имало место и за Пјетро Рива од Италија и Гашау Ајале од Израел.

Резултатот на Петрос е и нов европски рекорд.