Зеленски: Украина го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара

Макфакс

15/08/2026

16:50

164

Големина на фонт

а а а

Украинската војска изврши напад врз руски ракетен и вселенски центар во Самара, како и други воени и индустриски цели, при што предизвика материјална штета. Нападите се дел од пошироката кампања на Украина против руската воена и енергетска инфраструктура.

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета.

Локалните власти во Самара потврдија дека Украина извршила напад врз индустриската инфраструктура во Самарската област, во југозападна Русија. Градоначалникот на Самара, Иван Носов, соопшти дека противвоздушната одбрана одбила „огромен напад“, при што индустриските објекти претрпеле ограничена штета, без да открива детали за погодената локација.

Самарската област и претходно беше мета на украински дронски напади, пред сè врз рафинеријата за нафта во градот Сизран, како дел од кампањата на Киев за гаѓање на руската енергетска и војна инфраструктура.