Грција е под закана од екстремни шумски пожари поради високите температури и силниот ветер, по што е прогласено црвено предупредување во повеќе региони, вклучувајќи ја и Атика. Властите упатуваат прекор на граѓаните и туристите за зголемена претпазливост.
Грција се подготвува за нов ден со исклучително висок ризик од шумски пожари, поради што за недела е прогласено црвено предупредување во повеќе делови од земјата.
Предупредувањето од четврти степен, кој означува многу висок ризик од пожари, е издадено за Атика, вклучително и островот Китира, како и за Беотија, Евбеја со Скирос, Кикладите и Крит.
Воведувањето на црвеното ниво подразбира целосна мобилизација на надлежните служби и опремата за итни ситуации. Локалните и регионалните власти се должни да ги активираат механизмите за координација и да бидат подготвени за можни пожари.
Според прогнозите, времето во најголем дел од земјата ќе биде ведро, но ќе дува силен северен ветер со брзина од 6 до 7 степени според Бофоровата скала над Егејското Море. Во источните делови на Грција се очекуваат и локално посилни налети.
Силниот ветер ќе продолжи и во понеделник, особено над Егејското Море, додека температурите ќе останат високи. Во планинските подрачја се можни локални врнежи и грмежи.
Властите ги повикаа жителите и туристите да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности кои би можеле да предизвикаат пожар, имајќи предвид дека продолжуваат високите температури, сувото време и силниот ветер.








