Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Макфакс

15/08/2026

09:36

84

Големина на фонт

а а а

Во израелски воздушен напад врз јужен Либан, седум луѓе загинаа, а тројца се ранети. Нападот е еден од најсмртоносните по склучувањето на рамковниот договор за повлекување на израелските сили и разоружување на Хезболах.

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција.

Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви.

Тој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Лиан во замена за разоружување на милитантната група Хезболах, поддржана од Иран.