Не стивнува пожарот на Долги Оток: Избувнаа уште четири кај Задар, петмина повредени во Омиш се животно загрозени

Точка

15/08/2026

08:14

273

Големина на фонт

а а а

Пожарникарите во текот на целата ноќ ги бранеа куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбињ на Дуги Оток, но огнот и утрово сè уште не е ставен под контрола, соопштија надлежните служби.

Гаснењето го отежнуваат непристапниот и стрмен терен, како и густата макија, а на помош пристигнаа и канадери, пренесува порталот „Index“.

На терен се наоѓаат околу 100 пожарникари, меѓу кои локалните сили и 50 пожарникари од копното со 17 возила.

Во текот на ноќта пожарот се поделил на два крака, долги околу еден километар и 600 метри.

„Во текот на целата ноќ активно се работеше на одбрана на објектите, со оглед на тоа што станува збор за остров кој практично во секој залив има по една, две или три куќи и викендички. Сè е успешно одбрането и нема штета“, изјави командантот на Противпожарната заедница на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ.

Пожарникарите побарале помош од два канадери, кои утрово пристигнале на пожариштето за да помогнат огнот да биде ставен под контрола.

На островот пристигнуваат и дополнителни противпожарни сили.

Во текот на ноќта избувнале уште четири пожари на копнениот дел од Задарската жупанија, во областите на Галовац, Земуник и Мостар, но сите биле ставени под контрола за околу час и половина до два часа.

Помал пожар утрово избувнал и на островот Иж, каде што со брза интервенција на локалните пожарникари огнот исто така бил ставен под контрола.

Се очекуваат нови информации за состојбата на лицата кои се тешко повредени во пожарот во областа на Омиш.

Според податоците од петокот вечерта, четири лица на возраст од 18 до 46 години, со тешки изгореници кои зафаќаат меѓу 40 и 70 проценти од телото, во моментов се хоспитализирани.

Уште пет лица се во животна опасност.