Нејмар испорача магична асистенција во победата на Сантош

Дерби

14/08/2026

11:47

264

Големина на фонт

а а а

Сантош мораше да прави пресврт на дуелот од Копа Судамерикана, но на крајот успеа да го добие првиот од двата натпревара против Макара.

Бразилскиот тим е дел од нокаут завршницата во ова јужноамериканско натпреварување, а најголемата ѕвезда Нејмар се истакна со две асистенции, кои се покажаа и како клучни моменти за победата на неговиот тим.

Она што дефинитивно вреди да се истакне е мајсторската асистенција на Нејмар за првиот гол, односно погодокот на Габриел Барбоса со кој Сантош израмни пред крајот на полувремето.